Тринаесетгодишно дете паднало во кома и се бори за живот во една од белгиските болници по обид за самоубиство, информираат медиумите утринава.
Отворена е истрага за да се дознае дали морбидната игра за тинејџери „Момо Челенџ“ е причината поради која детето се обидело да се обеси. Ако се докаже улогата на оваа игра во овој трагичен настан, ова би била втора жртва на „Момо“ во Европа.
Пред десетина дена во Франција се самоубил тинејџер откако играл со оваа игра на социјалните мрежи.
Играта однесе една жртва во Аргентина и повеќе истраги се отворени во Мексико.
„Момо Челенџ“ е игра за адолесценти која се шири преку социјалните мрежи и посебно “Ватсап“.
Блогерот Шејн Ендруз, која ја истражувал играта, раскажува дека таа започнува со поставување “лесни предизвици“ за децата – на пример будење во текот на ноќта. Но предизвиците многу бргу ескалираат и стануваат сѐ поопасни, како скокање од тераса за да го натера детето да докаже дека е “во добра форма“. Учесникот во играта е повикан да се снима додека ги реализира предизвиците. Дванаесетгодишното дете во Аргентина го загубило животот додека се снимало исполнувајќи еден од предизвиците на ликот „Момо“.