Општина Охрид не сака да даде пари за лекувањето на Сара

Од:

Советот на општина Охрид не изгласа на дневен ред да се стави точката за помош за лекување на Сара Настоска од Охрид која боледува од малиген тумур. Предлогот беше општина Охрид да помогне со 1 милион денари за лекувањето, но со 17 гласа „Воздржан“ советот не го стави на дневен ред. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ претходно имале консултации, вели градоначалникот Јован Стојаноски за „Макфакс“ и заеднички ја донеле одлуката.

„Тоа е едноставно поради законските ингеренции на општината. Фондот за здравство е институцијата која треба да помогне. Треба и ние да помогнеме, затоа сме организирале акции. Исто така, ако од буџетот еднаш се издвојат средства, ќе треба тоа да се прави за сите, бидејќи има и други болни лица“, вели Стојаноски за „Макфакс“.

На седницата беше изгласано да се обештетат рестораните чии платформи беа уништени од невремето на 17 март годинава. Според неофицијални информации, сумите за оштета на рестораните се движат по околу 1 милион денари. Советот изгласа елаборатите на рестораните кои имаа штети да се испратат во Влада, за да се исплати паричен надомест.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица