На снимката од камерата со број 14 која е поставена во ходникот кој води од холот Длаборез до прес-центарот на Собранието на РМ може да се види како обвинетиот Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на обвинетите Никола Митревски Кољо, Стефан Младеновски, Дејан Давидовски, Младен Додевски и уште неколку лица со рака им покажува во кој правец да се движат.
5 минути подоцна Ѓошевски разговара со едно лице од обезбедувањето на Собранието по што се враќа кон холот Лаборес од каде влегуваа и останатите граѓани меѓу кои се гледаат и лица со фантомки.
Покрај гестикулациите за време на упадот со сега обвинетите, Ѓошевски од упадот на граѓаните во 18 часот и 45 минути па се до пуштањето на шок бомбите и солзавецот, во 10 минути пред 21 часот, од безбедносните камери се забележува и како цело време комуницира на мобилниот телефон.
Судијката Добрила Кацарска даде 1 час пауза по што рочиштето ќе продолжи со прегледување на снимката од безбедносната камера број 14.
Виктор Јованов