Со изведување материјални докази на СЈО денеска продолжи главната расправа за предметот „Т.Н.Т“. Обвинителот Бурим Рустеми 1,5 час презентираше договори, анекси, одлуки, барање на мислења и елаборати во врска со комплексот „Космос“.
Рустеми на барање на одбраната продолжи со детално читање на 129-те од вкупно 684 докази, што се од суштинско значење за овој предмет.
Судијата Огнен Ставрев даде половина час пауза по која треба да продолжи изведувањето на уште 30-тина докази.
Во Кривичниот суд присутни се обвинетите поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски.
Според обвинението на СЈО за случајот „Т.Н.Т“ обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски.