ВИДЕО: Струмичани масовно со автомобили против диктатурата на Груевски

Од:

[staff name=”Емир Латифовиќ” position=”Автор”][/staff]

„Доста е веќе! Бараме да се смени оваа власт! Груевски и фамилијата не водат директно во амбис, во дупка од каде што нема веке вракање“. Вака вечерва ечеше низ улиците во Струмица.

Стотици граѓани со околу 300 автомобили со вклучени сирени протестираа низ улиците во сите осум урбани заедници во градот покажувајќи го отпорот против актуелната ненародна власт во државата.

Демонстрирајќи го незадоволството од диктатурата на Груевски, истовремено голем број граѓани излегоа на улиците да ја поздрават и да ја поддржат долгата колона автомобили.

strumica otpor (2)

Меѓу граѓаните кои и вечерва, како повеќе пати досега, го кренаа својот глас и побараа враќање на правото, слободата и демократијата во Македонија беа и потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев, пратениците од СДСМ Цветанка Иванова и Панче Орцев од Струмица и нивниот колега од Куманово, пратеникот Оливер Спасовски.

Тој ја пренесе поддршката од граѓаните на Куманово и му порача на Груевски дека Македонија не е негова сопственост и не може сам да одлучува за иднината на државата и иднината на овој народ.

strumica otpor (1)

Особена чест и задоволство ми е што вечерва учествувам на едно протестно возење во Струмица и навистина сум задоволен што денеска многу луѓе од Струмица се приклучија и го поддржаа отпорот на СДСМ. Тоа впрочем е дух што владее во двете општини, во Куманово општина од каде што доаѓам и во Струмица и со тоа јасно упатуваме порака до овој ненароден режим на Груевски дека не се согласуваме со рушењето на слободата и демократијата, дека многу граѓани на Република Македонија од ден на ден тоа го потврдуваат. И овој отпор кој го започнавме јас и моите колеги во Собранието пред повеќе од месец трае и се повеќе се проширува, со тоа се упатува јасна порака дека оваа власт, мора сакала или не сакала да седне, да разговара и да се договараме за судбината на Република Македонија. Ниту Република Македонија е сопственост на Груевски, ниту тој може да одлучува сам за иднината на државата и иднината на овој народ. Мислам дека ова вечерва што се случи во Струмица, оваа поддршка што ја добиваме како политичка партија ќе успее да го вразуми Груевски да седнеме да преговараме заедно и да воопшто не се плаши, нека излезе нека му суди народот и на него и на нас на избори. И затоа бараме да одржиме заеднички предвремени парламентарни избори да ја разрешиме кризата во Собрание и да се оправда барем малку за оној црн понеделник кој што се случи минатата година во Собранието и на тој начин да одржиме директни локални избори на кој што јас сум убеден дека граѓаните на Република Македонија ќе застанат на страната на правдата на слободата, на страната на демократијата и конечно Република Македонија ќе покаже дека сака да се движи напред во европски перспективи, а нема да го поддржи овој режим кој што се повеќе ја воведува во мрачни сценарија Република Македонија, рече Оливер Спасовски пратеник на СДСМ од Куманово.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење