Продолжуваат судењата за „ТНТ“ и за „Титаник 3“ во кривичниот суд

Од:

Денеска, во кривичниот суд, продолжува судењето за предметот на СЈО, „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Закажано е судско рочиште и за случајот „Титаник 3“, кој се однесува на уништување на изборен материјал. И двата судски предмети ќе продолжат во фаза на доказна постапка со испитување сведоци.

Според обвинението на специјалното јавно обвинителство за случајот „ТНТ“, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“.

Меѓу обвинетите се поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Случајот „Титаник 3“ се однесува на уништување на изборен материјал, а обвинети се координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска