А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ако не се спречи увозот на стара ИКТ опрема, Македонија ќе стане отпад за ваква опрема

by А1он29/10/2018 - 12:39268
Share0

Ако не се регулира увозот на стара ИКТ опрема од западните држави, Македонија може да стане отпад на стара опрема, предупредуваат од Групацијата на провајдери на дигитални решенија при Стопанската комора на Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тие денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија побараа да се применува европската директива согласно која се дозволува увоз на стара ИКТ опрема само за сопствени потреби. Според нив, ИКТ опрема стара и по 10 години се користи во приватниот и во јавниот сектор бидејќи нејзината цена е пониска, но додаваат дека нема никаков бенефит од тоа. Ваквата опрема, велат од Групацијата, е штетна и по здравјето на вработените.

– Во европските директиви увозот на стара ИКТ опрема е дозволена само за користење за свои потреби. Ако оваа регулатива не ја применуваме тука, тогаш Македонија ќе се претвори во отпад за користена ИКТ технологија од Европа. Ним многу им е поевтино да ја извезат оваа опрема на вакви пазари, отколку да ја уништат кај нив, истакна претседателот на Групацијата Александар Пејковски.

Според потпретседателот на Групацијата, Марко Мариќ, старата опрема е навистина поевтина, но нејзините бенефити се краткокрајни, а вистинските заштеди компаните би ги направиле со солидни ИТ решенија, односно современ софтвер и стандардизиран хардвер.

Следете a1on на Youtube YouTube

Најмногу стара ИКТ опрема се увезува од западните држави кои сакаат да се ослободат од неа.

ikt opremakompjuteri

Би можело да ве интересира

Беспрекорна продуктивност – АИТОНИКС го претставува новото AI PC портфолио на DELL!

Горан Наумовски25/04/2025 - 14:3928/04/2025 - 12:10

Четворица малолетници украле компјутери од училиште

Горан Наумовски20/11/2023 - 18:30

Полицијата заплени 24 компјутери од бизнисмен

Горан Наумовски21/10/2023 - 20:1122/10/2023 - 10:38

Филантропите од Кавадарци во нова мисија „3000 компјутери за Нова Година“

Горан Наумовски01/09/2022 - 11:42

Се набавуваат 5650 лаптопи за пописот, чинат над 3 милиони евра

Мери Јордановска24/09/2020 - 15:5924/09/2020 - 17:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто