(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Гази Баба да почне со изградба на градинката во Стајковци

Од:

ВМРО-ДПМНЕ го повика градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски, веднаш да отпочне со изградбата на градинката во Стајковци.

„Како што и самиот Борче Георгиевски изјави, советот на Општина Гази Баба во коешто мнозинство има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со ребалансот на буџетот обезбеди средства за овој проект, кој е ветен и за кој е отпочната целокупната процедура уште во периодот кога локалната власт ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ“, рече Тони Симоновски.

Тој додаде дека опозицијата бара од Георгиевски да ги тргне на страна неговите партиски и бизнис интереси и без одлагање да започне со изградба на градинката, која досега требаше да биде изградена и во неа да бидат сместени 120 дечиња.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ