АВМУ и Регулаторната агенција за комуникации на БиХ потпишаа Протокол за соработка

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Регулаторната агенција за комуникации на Босна и Херцеговина одржаа билатерална средба во Сараево на која потпишаа Протокол за соработка во областа на медиумската регулацијата.

Во рамки на дводневната билатералната средба, покрај разговорите за поставеноста и функционирањето на регулаторите и надлежностите на Советите на Агенциите, беа разменети и искуства за дистрибуцијата на странски програми преку електронска комуникациска мрежа, застапеноста и третирањето на маргинализираните групи во медиумите, како и за достапноста на програмите на радиодифузерите за лицата со инвалидитет.

Од двете страни беше констатирано дека ваквите средби се особено значајни за унапредување и продлабочување на соработката меѓу двете регулаторни тела, посебно за прашања од заеднички интерес.

Би можело да ве интересира

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми