Жерновски-Квик: Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент

Од:

Договорот од Преспа кога ќе дојде на разгледување во грчкиот Парламент нема да биде загрозен, истакнал заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Теренс Спенсер Николаос Квик на денешната средба со неговиот македонски колега Андреј Жерновски.

– Сметам дека по одобрувањето кај вас, кога ќе дојде пред грчкиот Парламент, ќе помине веднаш, изјавил Квик на средбата.

Од македонското Минитерство за надворешни работи информираат дека двајцата соговорници се согласиле оти довербата и пријателството меѓу двете страни се продлабочува и оти со конечниот договор за решавање на прашањето за името, се става крај на разликите што ги отежнуваа пријателските односи меѓу соседите.

Двајцата изразиле надеж дека целокупниот процес предвиден со договорот, ќе заврши успешно во двете држави и оти наредната етапа ќе биде соработката во НАТО Алијансата како две земји сојузници, кои седат на зедничка маса и во институциите на Европската унија.

Квик е член на партијата „Независни Грци“ на Панос Каменос, коалицискиот партнер на Сириза.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право