Презентација на анализа на случаите на убиства на жени

Од:

Анализа на случаите на убиства на жени во периодот од 2008 до 2016 година, како и препораки за унапредување на заштитата на жените жртви и препораки за превенција од оваа најтешка форма на насилство ќе бидат презентирани денеска во Скопје.

Презентацијата на публикацијата „ Анализа на случаи на Фемициди – убиства на жени во Република Македонија “ чиј дел се и случаите на убиства на жени во овој период ја организира Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

– Анализата е спроведувана во периодот септември – ноември 2017 година. Покрај презентација на наодите добиени од увидот во судските предмети, ќе бидат презентирани и препораки за унапредување на заштитата на жените жртви, како и препораки за превенција од оваа најтешка форма на насилство, велат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

На настанот, воведни обраќања треба да имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерка за труд и социјална политика работи Мила Царовска, и постојаната координаторка на ОН и постојана претставничка на УНДП Луиза Винтон.

Би можело да ве интересира

Седум случаи на семејно насилство за едно деноноќие: Четири лица се уапсени

Нападнати се син, брат, сопруга и партнерки – петмина насилници завршија со лисици на рацете

А1он

Три лица лишени од слобода, вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Детали за пукањето во Турција – jа уби поранешната сопруга, пa следуваше крвав поход

А1он

Притвор за скопјанецот кој со шлаканици, клоци и со мобилниот телефон ја тепаше екс партнерката

А1он

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство