Албански државјанин со фалсификуван пасош приведен на Табановце

Од:

Албански државјанин, кој имал забрана за патување во земјите-членки на Европската Унија со фалсификуван пасош, вчеравечер бил приведен на преминот Табановце.

Според информациите на МВР, вчера во 21,35 часот на граничниот премин Табановце, на излез од Македонија со автобус допатувал Н.С.(33) од Церјан-Албанија, државјанин на Албанија. По извршена пасошка контрола констатирано било дека патната исправа на лицето е фалсификувана, односно на две страници е прелепуван дел од друга патна исправа со цел прекривање на постоечка забрана за влез во земјите-членки на Европската Унија.

Лицето е приведено и предадено во полициска станица Куманово за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација