Остров што се наоѓа во близина на Хаваите исчезна за неколку часа по налетот на ураганот Валакa.
Островот од 11 000 квадратни метри, кој се наоѓал на оддалеченост од 650 километри североисточно од Хаваите, потона целосно. Ураганот Валака, еден од најсилните во историјата на Пацификот, со ветер со брзина од 200 километри на час, го уништи островот за помалку од 30 часа.
„Изгубивме цел остров“, рекол Чим Флечер, метеоролог од Универзитетот на Хаваи. Тој вели дека знаел дека островот ќе заврши под вода, но очекувал тоа да се случи постепено дури во текот на следната деценија.
Островот бил дом на фоките монахус-монахус, на кои им се заканува изумирање и се заштитен вид. На островот живееле и хавајски морски желки.