МХЕ Тополки: Земјиштето на кое се градат и на кое веќе се изградени 70 мали хидроцентрали останува државно и за него се плаќа годишен надомест

Од:

„ВМРО ДПМНЕ продолжува да изнесува лаги и невистини врзани за постапката за изградба на малите хидроцентрали кои ги гради МХЕ Тополки, со единствена цел да ја манипулира јавноста и да создаде негативна слика за концесионер кој гради објекти од јавен интерес.

Постапката за давање државно земјиште на користење под долготраен закуп за изградба на објекти од јавен интерес како што се малите хидроелектрани со нивните придружни објекти, системи и градби, во случајот за поставување вод за приклучок на МХЕЦ Врановска река, е редовна административна постапка согласно Законот за градежно земјиште. Изградбата на конкретните објекти од јавен интерес и регулирањето на корисничките права на земјиштето произлегува од Договорот за концесија кој е изработен од претходната власт и е потпишан со државата во 2015 година. Ова земјиште кое се дава под долготраен закуп останува сопственост единствено на Република Македонија и во ниеден случај не се пренесува сопственоста на МХЕ Тополки ДОО, туку за негово користење е предвидено плаќање на редовен годишен надоместок од страна на МХЕ Тополки ДОО. Оттука произлегува дека државата и граѓаните со ништо не се оштетени и не е направен никаков преседан во однос на МХЕ Тополки, напротив, секоја постапка е водена согласно законски предвидените одредби.

Потенцираме дека постапките спроведени за реализација на договорот за Концесија на МХЕ Тополки се идентични со постапките со кои досега се изградени над 70 мали хидроцентрали со придружни објекти во Република Македонија и на други концесионери.

На македонската јавност и се одамна познати методите на дискредитација и нечесните политички игри на ВМРО ДПМНЕ во македонското стопанство. Нивните обиди за нарушување на угледот на компаниите кои градат објекти од јавен интерес за сите граѓани и кои се водени по сите предвидени законски постапки, македонската јавност лесно ги препознава како провидни, дневни партиски памфлети. Од таа причина, од ВМРО ДПМНЕ во законски предвидените рокови бараме јавно извинување за конкретното неосновано обвинување, во спротивно Друштвото МХЕ Тополки ќе биде принудено да покрене соодветни судски постапки“, се вели во реакцијата на МХЕ Тополки на вчерашната прес-конференција на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450