Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

Од:

Цените на храната и основните производи секојдневно растат, додека платите стагнираат, а Владата не презема никакви мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Вкупната вредност на синдикалната кошничка во месец ноември се зголеми и достигна огромни 62.021 денари. Има ново зголемување за 772 денари во однос на минатиот месец, вели пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска.

– СДСМ предлага две конкретни законски решенија, клучни мерки кои веднаш ќе донесат олеснување за граѓаните: Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле до 2.000 денари месечно. Зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе обезбеди достоинствена заработка за секој работник.Но, што прави Мицкоски и неговата влада и мнозинството во Собранието? Со политички инает и без емпатија кон народот, тие ги блокираат овие решенија и одбиваат да ги поддржат. Бараме власта веднаш да ги прифати решенијата на СДСМ, рече Тренчевска.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски