Во хотел „Капри“ во Битола, денеска ќе започне првиот од трите дводневни настани за вмрежување, наменети за граѓанските организации и креаторите на младински политики на тема „Младите и образовните политики“.
Настанот го организираат Младинскиот културен центар – Битола и Фондацијата за претприемачки сервис за млади, во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, од програмата IPA TAIB 2013 – „Зајакната вклученост на граѓанското општество во реформите за интеграција во Европската Унија“.
– Целта на овој настан е да им овозможи на учесниците да се запознаат со претстојните политики во образованието и процесите кои се водат, соопштија од МКЦ – Битола.
Наведоа дека настанот е наменет за претставници на граѓански организации кои имаат искуство и интерес за работа во полињата на образованието и младите, креатори и спроведувачи на младински и образовни политики на национално и локално ниво, образовни институции и провајдери на неформално образование.