(ВИДЕО) Груевски: Не ги знам аргументите и доказите за разрешувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Експремиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања денеска пред судот на паузата за судењет за „Титаник“ изјави дека не ги знае аргументите и доказите за разрешувањата во партијата кои се случија изминатите денови кога високи државни и партиски функционери беа исклучени од партијата по изгласувањето за потребата од уставни промени за кое гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот премиер вчера не се појави на прославата на ВМРО-ДПМНЕ, по ова прашање тој изјави дека добил покана, не не можел да отиде на истата.

Груевски пред новинарите исто така изјави дека ќе ги искористи сите правни можности за одлагање на казната, но, како што рече, живееме во ненормално време.

„Не сум изненаден од одлуката. Само се присетувам на лицата на моите адвокати кога ми ја соопштија одлуката. Јас знаев. Тие не веруваа дека одлуките се политички“, рече тој.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски