ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Шекеринска се проблемот на оваа држава

Од:

„Зоран Заев и Радмила Шекеринска не можат да бидат решение за проблемите во Републиа Македонија – тие се проблемот на оваа држава. Последни остатоци од мрачната транзиција.

Ништо од тоа што го ветија не исполнија. Нема ниту една област во која се живее подобро. Единствената политичка инвестиција во која веруваат дека ќе ги спасат нивните политички кариери е промената на името на државата.

Наместо животот кој го ветуваа донесоа само чемер и јад. Нема ништо од 500-те евра плата, од повратот на ДДВ, зголемени инвестиции, нови патиша во должина од 500 километри, од зголемената поддршка за земјоделците, од плата за докторите од 100.000 денари, од субвенции за компаниите. Затоа имаме криминал на секој чекор.

Заев ветуваше и се колнеше во децата и семејството дека нема да менува Уставот. Не само што го смени туку го менува и идентитетот. Цензурата во медиумите и полициското насилство ни станааа секојдневие. Политичкото судство излезе на виделина со зделки и неморални понуди на пратениците се со цел да правење пазар со името.
7 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ силно потпомогнати од структури кои се ставија на располагање на власта, следејќи го својот личен интерес, одејќи против ставот на партијата, против членството и најважно против волјата на народот ја свиткаа кичмата и гласаа за промена на името.

На Република Македонија и се случи Црн Петок. Сите бевме сведоци на предаството кое овие пратеници и го направија на својата татковина.

Да издржеа и да беа доследни во она што со месеци и го говореа на јавноста еднаш засекогаш ќе ја ослободевме државата од коалицијата на Заев и Шекеринска, и Вице и Анѓушев.

ВМРО-ДПМНЕ било и секогаш ќе биде најверниот сојузник на народот.

ВМРО-ДПМНЕ без народот не може!

Време е за поддршка и обединување на сите оние кои си ја сакаат својата татковина.

Време е да се окрупниме, силите да се збијат, заеднички, силно за на тој начин да се издвојува победата врз сите оние кои не и мислат добро на Македонија.

Република Македонија ќе се европеизира“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања