Избрканите од Мицкоски во нова пратеничка група?

Од:

По црвениот картон од ВМРО-ДПМНЕ, исклучените седум пратеници веќе нема да бидат ниту дел од пратеничката група. Тие имаат две опции:да дејствуваат како независни пратеници или да формираат пратеничка група, бидејќи за тоа ги исполнуваат условите од Деловникот. Во тој случај тие ќе назначат и координатор. Пратеничката група има право на стручна помош и право да користи посебна просторија,но и да учествува активно во договарањата и координациите.

Доколку на Канческа-Милевска, Мукоски, Василевски, Арнаудов, Александрова, Исмајлоска-Старова и Рамчиловиќ би им се придружила и Владанка Авировиќ од редот на социјалистите, засега не се открива. Партијата не се изјасни, иако двајцата други пратеници од партијата на Ѕинго гласаа против отворањето на постапката за уставни измени.

И пратеникот од ГРОМ најави дека и откажува послушноста на ВМРО-ДПМНЕ поради исклучувањето на Јанчев и ја напушта пратеничката група.

Долгогодишниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и еден од највлијателните луѓе во партијата, Илија Димовски вчера не беше виден на партиската прослава. Тој отворено кажа дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се движат во погрешен правец, а разрешувањата и исклучувањето на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ во последниот период се избрзани и резултат на некорисни емоции и сериозен афект од состојбата.

Сега пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ брои 42 пратеника, но од денеска се очекува нејзино ситнење и прегрупирање. Дали е реален оптимизмот на Заев дека во наредните фази, измените на Уставот ќе бидат поддржани од повеќе опозициски пратеници и дали кадровската чистка на најголемата опозициска партија даде резултат или тоа ќе биде со контра-ефект, ќе се види многу брзо во наредните фази од носењето на амандманите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми