На иницијатива на првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и вработените од УЗ Нерези, вчера беа донирани околу шест кубици огревен материјал за три семејства од Карпош, кои се наоѓаат во потешка материјална состојба.
Локалната самоуправа презема иницијатива, ваквите хуманитарни акции во иднина да се одвиваат со зголемен интензитет и обем, соодветно на нараснатите социјални и економски проблеми на граѓаните.