ФИФА со 25 милијарди долари ќе финансира два нови турнира

Од:

Раководството на Светската фудбалска федерација (ФИФА) в петок ќе разговараат за идејата за организирање на два нови глобални турнири, под покровителство на Организацијата.

За време на состанокот на Бордот на директори во Кигали, Руанда ќе биде разгледана идејата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за создавање на мини светско првенство, како и за експанзија на Светското клубско првенство.

Според Инфантино, ФИФА ќе може да обезбеди 25 милијарди долари за двата турнири во период од 12 години, почнувајќи од 2021 година.

Идејата за два нови турнири наидува на сериозен отпор од водечките тимови во Европа и од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Мини шампионатот предвидено е да се одржува на секои две години на кој би учествувале осумте водечки земји, што ќе претставува своевиден финиш на идејата за Лига на нации на секој континент. Турнир треба да се одржува во октомври или ноември.

ФИФА, од своја страна, предвидува укинување на Купот на Конфедерациите.

Ако предлогот на претседателот на ФИФА биде прифатен, Светското клубско првенство ќе се одржува на секои 4 години, со 24 тимови, а не седум, како што е сега.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ