Познатата црква Sagrada Familia се согласи да плати 41 милиони долари откако е откриено дека нема дозвола за градење.
Базиликата оваа сума ќе ја исплати на рати во текот на следните 10 години, а средствата ќе бидат искористени за подобрување на јавниот превоз во Барселона.
Изградбата на Sagrada Familia започнала во 1882. година, а дизајнот е на каталонскиот архитект Антони Гауди. Се претпоставува дека базиликата ќе биде завршена до 2026-та година, односно на стогодишнината од смртта на каталонскиот архитект.
Иако недовршена, Sagrada Familia е една од најпосетуваните туристички атракции во Барселона. Секоја година ја посетуваат околу 4,5 милиони туристи од целиот свет, а најевтината влезница за црквата е 15 евра.