Новинарот Миленко Неделковски преку Фејсбук напиша дека на врата му дошла полиција да го уапси. Како што пишува тој тие имале „покана“, но немале детали зошто, како, ниту кај кој инспектор.
„На врата ми е дојдена полиција да ме уапси. Без некоја посериозна причина. Имаат “покана”, но немаат детали зошто, како, кај кој инспектор, кога…
Фашистите од режимот на Зоран Заев се решени да апсат и уништуваат по секоја цена.
Дудинка пак, ја маваат до ниво на поракава: “ovie stvarno se reseni da ne i dadat na stranata da se vkluci”.
Нека апсат. Македонија е ппголема и од овој момент и од сите нас заедно.
Смрт на фашизмот – слобода за народот“ пишува Миленко Неделковски.
Според извори на истрагата, Неделковски е повикан поради промовирање на омраза кон одредена етничка група-Грци, во коментар што летово го пласираше на својот јавен профил на социјална мрежа. Тој во моментов е на разговор во полициската станица во Велес.
Основното јавно обвинителство пред три дена отвори истрага за неговите постови на социјалните мрежи, во кои изразува задоволство што летните пожари во Грција однесоа стотици човечки животи.
ОЈО го товари за ширење на расизам и ксенофобија, преку компјутерски систем, од чл.394-г став 1 од Кривичниот законик.