(ВИДЕО) Стоилковски: Во Македонија се случи брутален упад во севкупниот демократски и уставен систем

Од:

„Eдинствено нешто за што се грижи оваа антимакедонска власт е пропагандата. Додека ја разнебитуваат државата, ги газат Уставот, законите, Парламентот, пратеничкиот углед, човековото достоинство, со поткуп, насилства, закани, уцени, со монтирање судски процеси, се затвораат политички неистомисленици и пратеници за нивно полесно кршење, се креираат случаи за тероризам за уметници, министерството за вистина при Власта нуди леб и игри на народот! За волја на вистината повеќе игри помалку леб!

Но едно е важно и тоа најмногу ја плаши оваа власт. Без легитимација од граѓаните, од народот, договорот за капитулација нема да заживее. А, народот, граѓаните го кажаа своето – Договорот од Преспа е нелегитимен, Референдумот е неуспешен, Република Македонија победи на Референдумот, народот, граѓаните, Македонците не прифаќаат промена на Устав, промена на име, промена на историја, промена на идентитет. Тоа нема да го промени ниедна пропаганда, макар била и полициска и владина и насилна. Не успеале во историјата, нема да успеат ниту сега. Македонија победувала, Македонија ќе победи!“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Република Македонија е згазено правото, Уставот, Законите, згазена е Демократијата. Во петокот се случуваше брутален упад во севкупниот демократски и уставен систем.

Во петокот Собранието беше под полициска опсада, а специјалците под команда на Оливер Спасовски помагаа да се заокружи целосната слика на еден ненароден режим.

Никој не знае ниту зошто биле таму поставени, ниту дали имало какви било закани за нарушување на безбедносната состојба, ниту од кого биле тие закани.

Јавниот обвинител молчи и останува горчливиот впечаток дека полицијата и институциите беа злоупотребени заради заплашување.

За потсетување, истиот тој јавен обвинител не реагира на поднесени кривични пријави против Зоран Заев, Никола Димитров, Талат Џафери, и против сите пратеници кои гласаа за Законот за Ратификација на договорот со Грција, заради велепредавство, загрозување на независноста, здружување заради непријателска дејност и злоупотреба на службената положба, бидејќи самиот чин на договорањето и носењето на законот е спротивно на Уставот. Поднесена е и кривична пријава за Поткуп за избори, за кое нема ништо, поднесена е и кривична пријава против над 200 лица за злоупотреба на службената положба и изборна измама, па пак ништо. Ниту од Јовески, ниту од Спасовски, ниту од правото, правдата, демократијата.

Повеќе пати укажуваме дека демократијата во Република Македонија е згазена, дека правниот систем е алатка против политичките неистомисленици, дека велепредавството на националните интереси и кршење на уставот и волјата на народот го изврши власта, Заев и неговите министри со нивните 72 пратеника, на кои сега се приклучија и 8 пратеници, поранешни членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а сега поданици на Зоран Заев и неговата капитулантска банда. Тоа не е ниту за европска ниту за прозападна Македонија, тоа е вистинската одлика на едноумието од кое се изнедри оваа антидржавна власт.

Затоа ќе повторам, оваа власт е уплашена. Знае дека може да купи, да скрши пратеници но не може да го купи народот. Без легитимација од граѓаните, од народот, договорот нема да заживее. А тие го кажаа своето – Договорот е нелегитимен, Референдумот е неуспешен, Република Македонија победи на Референдумот, народот, граѓаните, Македонците не прифаќаат промена на Устав, промена на име, промена на историја, промена на идентитет. Тоа нема да го промени ниедна пропаганда, макар била и полициска и владина и насилна. Не успеале во историјата, нема да успеат ниту сега. Македонија победувала, Македонија ќе победи!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?