Шеснаесетти општински натпревар „Млад библиотекар“ во Куманово

Од:

Во кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ денеска се одржа 16-тиот општински натпревар „Млад Библиотекар“. На натпреварот, што се организира во рамки на одбележувањето на Месецот на книгата, учествуваа ученици од сите 16 основни училишта од градот, кои имаа можност да го покажат своето знаење од областа на библиотекарството. Победникот ќе ја претставува општината на републичкиот натпревар кој ќе се одржи на 16 ноември во Демир Хисар.
-Во насока на популаризација на книгата, по повод месецот на книгата што се одбележува од 15-ти октомври до 15-ти ноември библиотеката организира и литературен и ликовен натпревар, изјави директорот на библиотеката, Марјан Петковски.

Надлежните од библиотеката нагласија дека се задоволни од знаењето што го покажуваат учениците. Тие се надеваат дека кумановци и оваа година, како и претходните ќе постигнат високи резултати и на државниот натпревар.

Во рамки на одбележување на Месецот на книгата кумановската библиотека организира повеќе настани во насока на промоција и популаризација на книгата и читањето, меѓу нив промоции на книги, литературни средби со писатели, работилници со ученици.

Со книжен фонд од 200.000 примероци, кумановската библиотека е меѓу најдобро снабдените во земјава.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он