Во деновите од викендот во НУЦентар за култура во Крива Паланка се оддржа третиот Меѓународен фестивал на староградски песни.
На фестивалот, покрај домаќините КУЗ „Распеани паланчани“ настапија пејачки друштва од Радовиш и Пехцево и Градскиот хор од Штип, како и пејачкото друштво Еделвај од Ќустендил, Бугарија.
Во рамките на фестивалот, кривопаланечката публика имаше можност да ја проследи драмата „Оженил се Санде Калајџија“ во изведба на учениците СОУ Ѓорче Петров, а под ментроство на проф. Катерина Митовска Наковска.
Овој настан беше збогатен и со промоција на „Збирка на кривопаланечки староградски песни“ изработена од членовите на КУЗ Распени паланчани, како и новите костими за членовите на друштвото, кои се реализирани во рамки на проект кој е финасиски поддржан од буџетот на општина Крива Паланка.
Сите љубители на убавата староградска песна, имаа можност две вечери да уживаат и да да го почувствуваат духот на едно време на старата кривопаланечка чаршија исполнета со песна љубов, обичаи и време кога настанаа најубавите страоградки песни кои и денеска се негуваат и пеат.