Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ќе учествува на промоција на Индекс на родова еднаквост на општините во Република Македонија.
Индексот на родова еднаквост во општините во РМ е подготвен од Реактор – Истражување во акција со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Индексот е заснован на убедувањето дека за општествен напредок, жените и мажите мора да имаат еднаков пристап до можности и услуги. Со цел да се добие целосен преглед на состојбите во сите општини во Република Македонија, со Индексот се опфатени 81 општина и нивната работа во три главни области: родов јаз,соодветни услови и родово одговорна општина.
Конференцијата ќе ја отворат министерката Царовска, директорот на Канцеларијата на УСАИД за општ развој, Едвард Гонзалез и директорот на Државен завод за статистика, Апостол Симовски.
По поздравните обраќања, ќе следува презентација на резултатите од Индексот на родова еднаквост на општините во Република Македонија од страна на претставници на Реактор – Истражување во акција.
На промоцијата ќе присуствуваатпретставници од сите општини во Република Македонија, релевантни институции и претставнички и претставници на граѓанскиот сектор.