Дачиќ: САД го сменија ставот кон дијалогот Белград-Приштина

Од:

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека САД ја смениле политиката кон дијалогот меѓу Белград и Приштина, но дека не се очекува да го повлечат признавањето на косовската независност.

– Тие нема да ја менуваат политиката во однос на признавањето на Косово, но не е се црно и бело. Јас не очекувам дека вака ќе се заврши кога станува збор за Косовската војска. Најважно е да се отвори вратата за дијалог, бидејќи до пред неколку месеци, САД имаа став дека немаат за што да разговараат, изјави денеска Дачиќ за ТВ Прва.

Според него, формирањето на косовската војска ќе наиде на несогласување од страна на западните земји и НАТО, бидејќи тоа ќе доведе „до промена на конфигурацијата на присуството на КФОР“, како што е предвидено со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

– Тие на тоа немаат право според Резолуцијата 1244. Што се однесува до УНМИК, Америка може да пишува колку што сака, но не може да има измени во Резолуцијата 1244 без согласност на Советот за бебзедност, бидејќи нема консензус за тоа и тоа нема да се случи. Нема да се случи и УНМИК да го напушти Косово. Тоа единствено може да се случи само ако ова го поддржат Русија и Кина, што е научна фантастика, истакна Дачиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, шефот на српската дипломатија во интервју пак за весникот „Курир“ вели дека не е можно зачленување на Косово во Интерпол без согласност на Србија.

– Без договор со Белград, нема зачленување во која било меѓународна организација. Тие ќе пропаднат на гласањето за Интерпол, како што не успеа да се зачленат во УНЕСКО, вели Дачиќ.

Според него, Србија ќе вложи „максимални напори“ со цел Косово да не стане членка на Интерпол, не затоа што е „против Косово, туку затоа што е против превземањето на унилатерални дејства“.

Дачиќ во интервјуто оценува дека едностраната политика на Приштина претрпела колапс.

– Политиката на (српската) Влада е следна – нема признавање на Косово, како едностран чин. Сакаме компромис. Ако тие сакаат компромис – сакаат, ако не сакаат, наскоро само уште Албанија ќе го признава Косово, додава Дачиќ.

Властите во Приштина во неколку наврати нагласија дека за нив членството во Интерпол е „приоритет“. Гласањето за приемот на Косово во оваа организација е предвидено за во ноември, кога ќе се одржи Генералното собрание на Интерпол во Дубаи.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија