Приведен Албанец на ГП Табановце, го прелепувал пасошот за да прикрие забрана за влез во земји-членки на ЕУ

Од:

На граничниот премин Табановце во петокот бил приведен еден Албанец бидејќи при извршена пасошка контрола било констатирано дека на неговата патна исправа била прелепувана дел на страница од друга патна исправа, со цел прекривање на постоечка забрана за влез во земјите членки на Европската Унија, соопшти полицијата.

22-годишниот Ј.П. од Албанија бил приведен на Табановце во обид да излезе од Македонија.

Лицето е приведено и заедно со патната исправа било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка, наведуваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

ВИДЕО: Албански државјанин фатен со половина милион евра на Табановце

Катерина Ѓуровски