За лечењето на 15-годишната Сара од Охрид се потребни 200 илјади евра

Од:

Од вчера се во функција телефонските броеви за донации за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, кај која неодамна е дијагностицирана Anemia Аplastica.

Сите граѓани на државата можат да донираат на телефонските броеви 143 102 на Т-Mobile и 143 480 на VIP.

Се работи за болест што ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, па неопходна е трансплантацијата на коскената срж.

Преку писмо, родителите на девојчето раскажуваат дека болеста била утврдена во август, а нивниот 13-годишен син е единствен сроден донатор на коскена срцевина за неа.

„Во сите странски земји, третманот и лечењето на овој проблем на оваа возраст, спаѓа во рамка на специјализираните детски клиники“, велат родителите.

За да се изврши оперативниот зафат на трансплантацијата на коскената срж потребни се над 200.000 евра, пари што родителите не можат сами да ги обезбедат. Сите кои се во можност можат да помогнат и со уплата на средства на следната жиро сметка: 200 001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.

Во Охрид деновиве се организираат неколку настани на кои ќе се собираат средства за помош на Сара.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице