Кај островчето Ричула, во Пашманскиот Канал, пронајдени се семки од маслинки стари околу 3500 години. На самиот почеток на истражувањето пред неколку години во подморјето на Ричула била пронајдена една семка, но таа не била доволна за анализа.
Имено, потребни се најмалку 40, а сега се пронајдени неколку стотици. Семките ќе му ги испратат на експертот за маслинарство проф. д-р Ѓани Бенчиќ од загрепскиот Земјоделски факултет, со цел да се утврди сортата која можеби сè уште постои во северна Далмација. Освен семки од маслинkи, откриени се и семки од вишни.
„Може да се каже дека членовите на предлибурнската заедница имале добра и разновидна исхрана. Не им недостигало месо, на што укажуваат пронајдените бројни коски од разни домашни животни, вклучувајќи говеда, кози и овци. Тие, исто така, имале леб, судејќи по мелниците за жито”, вели д-р Мате Парица, заменик-главен истражувач.
Сместувањето на заедницата покрај морето покажува дека голем дел од исхраната ја добивале од огромното морско синило.
Покрај семки од маслинки, пронајдени се праисториска керамика и алатки од камен.