Хортикултурно уредување на дворовите на гостиварските училишта и градинки

Од:

Сите училишта и градинки во општина Гостивар, преку акцијата на ЈП „Јавни паркиралишта и зеленило“ ќе добијат хортикултурно уредени дворови.

Првично акцијата се спроведе во дворовите на основните училишта во село Вруток и Равен, а ќе продолжи и во сите други градски и селски училишта и градинки.

„Вршиме нивелизација на земјата, садејќи трева и украсни садници отпорни на климатските услови во секој период од годината. Ова е минимумот од тоа што мораме да го направиме за возрасните групи кои се иднината на нашето општество. Акцијата се спроведува во овој период, бидејќи есента е најпогодното годишно време за садење“, објаснува директорот на ЈП „Јавни паркиралишта и зеленило“, Музафер Зулбеари.

Во тек е и хортикултурното уредување на големиот градски парк, односно се работи на заокружување на негова целосна рехабилитација со садење на над 170 садници со што ќе се оплемени изгледот на тој простор и ќе му се врати улогата „бели дробови” на градот, како најпосакувано место на граѓаните за релаксација.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар