За 19 дена 85 пожари во кумановско

Од:

Од 1 октомври до денеска, кумановскатата противпожарна единица интервенирала дури 85 пати на пожари, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица Куманово. Командирот на противпожарната единица Дејан Илиевски вели дека најмногу пожари имало на отворен простор.

– Најчесто гори сува трева и стрниште. Можам да кажам дека во текот на изминатите годините не сме имале толку голем број пожари во октомври, изјави Илиевски.

Според нивните податоци, лани во октомври имало вкупно 25 пожари. Од почетокот на овој месец, досега нивните екипи постојано се на терен, некогаш интервенирајќи и по десет пати за едно деноноќие. И покрај големиот број на пожари, успеваат да одговорат на предизивиците.

– Делуваме во поширокиот регион, Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Во неколку пожари кои беа предизивикани од палење на сува трева и стрниште беа зафатени и викендици и помошни простории, изјави Илиевски.

Пожар предизивикан од палење стрниште се случил вчера и кај археолошкиот локалитет Градиште во Младо Нагоричане, информираа арехеолозите од кумановскиот Музеј кои почнаа со истражувања на локалитетот.

Информацијата ја потврди и директорот на установата, Богдан Таневски. Археолозите велат дека пожарот избувнал во нивите под локалитетот, но поради правецот и силината на ветрот, брзо се проширил и ги зафатил двата рида на кои работат археолозите. Тие раскажаа дека пожарот многу брзо се проширил, па морале да се евакуираат пеш по стрмните ридишта, бегајќи накај реката.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски