Во Штип почнува „Текстилијадата“

Од:

Миграцијата на младите, културата и младите, проблемите на текстилните работници, се дел од темите на дебатите и работилниците кои ќе бидат дел од втората „текстилијада“, што почнува денеска во Штип.

Претседателката на Здружението „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева на денешната прес-конференција најави дека оваа година ќе имаат вкупно 13 настани, кои ќе се одвиваат денеска и утре.

– Ќе присуствуваат градоначалникот на Штип Благој Бочварски, министерот за финансии Драган Тевдовски, шефицата на кабинетот на министерот за труд и социјална политика и други, рече Ампева.

Во рамките на „Текстилијадата“ предвидени се и промоции и изложби на ликовни дела.

– Ќе имаме ликовна работилница, изложба на академски слики, како и изложба насловена „Штип некогаш текстилен град“ што ќе ги опфати сликите на некогашните комбинати „Македонка“ и „Астибо“, наведе Александар Арсовски, член на „Гласен Текстилец“-Штип.

На втората „Текстилијада“ ќе се промовира и весник за текстилните и кожарски работници.

– Весникот е направен за работниците од овие две индустрии во источниот регион. Со радост можам да кажам дека после 25 години, текстилните работници ќе можат да дојдат до директни информации, истакна Денис Ампев член на „Гласен Текстилец“ Штип.

Втората „Текстилијада“ е поддржана преку проектот „Културата и Младите за промени“ финансиран од Општина Штип.

Би можело да ве интересира

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации

Две големи семејства од Штип се истепале со разни предмети