Тајванските добавувачи на компоненти за трите нови модели на АјФон се внимателни во предвидувањата за нивните побарувања.
И покрај претстојната премиера на поевтиниот АјФон ИксАр, тие очекуваат релативно ниска продажба и намалени нарачки од „Епл“.
Според „ДигиТајмс“, тајванските компании предвидуваат слаба продажба во четвртиот квартал. „ТСМЦ“, кој произведува А12 Бајоник процесори, веројатно ќе ги прилагоди своите финансиски предвидувања за тој период.
Од Компанијата „Ларган Пресижн“, кој ги снабдува леќите за камерите, споделија слични очекувања и веруваат дека набавките постепено ќе се намалуваат во октомври и ноември. Оттаму моментно не сакаат да се посветат на прогноза за декември, поради нејасната ситуација на пазарот.
Извори на „ДигиТајмс“ веруваат дека трговската војна меѓу САД и Кина покажува негативно влијание врз целокупниот пазар, кој страда од забавен раст во последниве години.