Претставникот на Обединетите нации за Блискиот Исток Николај Младенов денеска го предупреди Советот за безбедност дека постои опасност од нов катастрофален конфликт во Појасот Газа.
– Газа е во процес на инвазија. Тоа не е претерување, не е паника, тоа е реалност, истакна Младенов преку виде- конференциска врска и додаде дека економијата е во „слободен пад“.
Според него, сите клучни показатели – хуманитарната состојба, економијата, безбедноста и политиката продолжуваат да се влошуваат.
– На граница сме на нов потенцијално катастрофален конфликт, но за да биде избегнат потребно е многу повеќе од зборови, додаде Младенов.