Захарова: Русија ќе соработува со арапските земји за деескалација на Блискиот Исток

Од:

Русија ќе соработува со арапските земји за деескалација на Блискиот Исток, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Коментирајќи го неодамнешниот заеднички самит на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка (ОИЦ), кој беше фокусиран на палестинско-израелскиот конфликт, Захарова рече дека е испратена покана до меѓународната заедница да придонесе за деескалација на ситуацијата на Блискиот Исток, пренесе ТАСС.

„Подготвени сме за понатамошна тесна координација со нашите арапски и муслимански партнери, како и со други истомисленици, во интерес на намалување на тензиите во зоната на конфликтот и движење кон сеопфатно политичко-дипломатско решение засновано на универзално признати принципи. – нагласи Захарова.

Таа потсети дека по форумот, кој се одржа на иницијатива на Саудиска Арабија на 11 ноември, беше усвоена изјава во која, меѓу другото, е вклучен и повик за итен прекин на огнот во Појасот Газа и во Либан, спроведување на релевантните резолуција на Генералното собрание на ОН и Советот за безбедност како и обезбедување хуманитарна помош за оние на кои им е потребна.

Захарова посочи дека во документот се нагласува потребата од општа стабилизација на ситуацијата преку имплементација на правото на палестинскиот народ да основа сопствена држава, врз основа на меѓународните правни принципи за палестинско-израелското решение.

Би можело да ве интересира

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Захарова: Ако Киев нападне руска територија, тоа ќе биде погубен акт за Западот

Захарова: Не ни кажувајте што да правиме