Кабинетот на Ципрас: Нова демократија да каже каде ги трошеше тајните фондови додека беше на власт

Од:

Наместо да се однесува популистички, Нова демократија да каже каде ги трошеше средствата од тајните фондови додека беше на власт, одговари денеска Кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас на обвинувањата на опозициската партија за начинот на располагање со тајните фондови.

Во соопштението на грчката Влада се објаснува дека веќе втора година, Парламентот има детални информации за фондовите на Министерството за надворешни работи.

– Од 2017 година, по иницијатива на (досегашниот шеф на дипломатијата) Никос Коѕијас и грчката Влада, грчкиот Парламент детално се информира за користењето на специјалните фондови на Министерството за надворешни работи. Нова демократија, наместо да се однесува популистички, добро би било да ни каже каде ги потроши конкретните средства во периодите кога беше на власт, кога министрите за надворешни работи беа целосно без контрола, се истакува во соопштението на Кабинетот на Ципрас,

Најголемата грчка опозициска партија во соопштението под наслов „Ципрас, Каменос и Коѕијас да ги објават нивните доверливи тајни“, побара од грчката Влада да ги објави сите податоци што ги има за користењето на тајните фондови.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески