Македонски компании на „Фруит Логистика 2013“ во Берлин

Од:

Десет македонски компании од денеска до петок учествуваат на водечката светска саемска манифестација за бизнис со свежо овошје и зеленчук „Фруит Логистика 2013“ во Берлин.

Нивните претставници ќе имаат можност да се сретнат со потенцијални купувачи, дистрибутери, консолидатори и продавачи на големо, како и да ги испитаат можностите за нови стратегиски партнерства и нови пазари.

Македонските водечки компании од индустријата за овошје и зеленчук ќе имаат и можност да го зголемат знаењето за најновите технологии и управувачки практики за подобрување на продуктивноста и зголемување на конкурентноста.

Престојот и учеството на „Фруит Логистика 2013“ го организира Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот (ИДЕАС).

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници