Ангеловски: Нема сила која ќе го скрши нашето единство

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски порача дека единството во националниот тим останува и покрај разочарувачкиот настап на гостувањето во Ереван.

– Критиките за Ерменија ги заслуживме и стоечки ќе ги издржиме. Но, нема сила која ќе го скрши нашето единство, кусо изјави Ангеловски за веб страницата на ФФМ.

Македонија во вторникот загуби од Ерменија со убедливи 4:0, во Д групата од Лигата на нации.

И покрај овој пораз „црвено-жолтите“ имаат шанса со една победа и еден нерешен резултат на последните два натпревара против Лихтенштајн и Гибралтар да го обезбедат првото место во групата и да се пласираа во Ц лигата од новото натпреварување на УЕФА.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска