(ВИДЕО) Божиновски: Симптоматично е укинувањето на куќниот притвор за пратениците од 27 април

Од:

Политичкиот аналитичар, Владимир Божиновски за А1он вели дека симптоматично е тоа што премиерот на Република Македонија, Зоран Заев пред два дена во Собранието повика на помирување помеѓу пратениците за немилите настани кои се случија на 27 април, а веднаш потоа судот да донесе одлука за ослободување од куќен притвор за обвинетите пратеници.

-Имаме случај каде што пред два дена премиерот јавно повика на амнестија и веднаш истиот ден имаме одлука на судски органи со кои се пуштаат на слобода два пратеника од опозицијата кои што беа во куќен притвор, а ќе се решава и за третиот што само по себе е многу симптоматично, вели Божиновски.

Според него, доколку во петок пратениците кои се ослободени од куќен притвор гласаат за потребата од уставни промени би било доказ дека има силна врска помеѓу извршната власт и судството.

-Судството никогаш не се исправило во изминатите 27 години, но она што беше еден од главните концепти на новата власт е дека ќе се реформира судството, ќе се испочитуваат сите препораки на Прибе и дека со тоа ќе се приближиме кон ЕУ. За потсетување првите поглавја 23 и 24 од преговорите кои треба да се отворат се токму околу судството и околу создавање на професионална судска практика и градење на доверба кон тој судски ситем, рече Божиновски.

Во однос на тоа дали е оформено двотретинско мнозинство за изгласување на потребата од уставни промени, Божиновски вели дека само владејачкото мнозинство, односно оние кои преговараат го знаат одговорот на тоа прашање. Според академскиот професор и аналитичар, решение на проблемот со договорот со Грција може да се изнајде само во изнаоѓање двотретинско мнозинство, но доколку не се случи тоа и се оди на предвремени избори, договорот со Грција ќе биде практично мртов и ниту една идна парламентарна гарнитура нема да изнајде начин за имплементирање на договорот.

-Доколку се распишат нови избори тоа ќе биде моментот кога секаква можност за спроведување на договорот помеѓу Македонија и Грција ќе биде на некој начин пропадната. Шансата за постигнување договор е само преку можноста да се изнајде двотретинско мнозинство. Доколку тоа не се изнајде сега со овој состав на парламентот, воопшто не треба да се очекува дека со некој друг парламент после избори истото да биде постигнато. Ако се сака да се постигне договор помеѓу Македонија и Грција, во моментов до избори не смее да дојде. Дента кога тие избори би биле распишани ќе значи крај за таквиот договор и за негова имплементација, вели Божиновски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески