Пратеникот Љубен Арнаудов по одложувањето на рочиштето, изјави дека никој го нема известено за амнестија или било какво помирување. На прашањето дали би гласал за уставните промени во замена за амнестија, Арнаудов изјави дека амнестијата е политичка одлука, нема никаква поврзаност со судот и дека за уставните промени ќе одлучи исклучиво во интерес на државата.
Пратеникот Сашо Василевски, кој исто така е обвинет за насилствата во Собранието на 27 април, а кој денеска со кривичниот совет на скопска единица му беше укинат куќениот притвор и ќе се брани од слобода со гаранција од приближно 400 илјади евра, по одложувањето на денешното рочиште не сакаше да даде никаков коментар за ваквата одлуката на судот.
Василевски сега ќе може да гласа за уставните измени во Собранието, а пред судот денеска не сакаше да ја коментира и вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев за помирување.
Денешното рочиште за настаните од 27 април е одложено за утре во 10 часот.
Виктор Јованов