Рочиштето за 27 април на кое треба да сведoчи загрозениот сведок одложено за утре

Од:

Рочиштето за насилниот упад во Собранието на Република Македонија на 27 април на кое треба да сведoчи загрозениот сведок денеска беше одложено. Рочиштето ќе продолжи утре наутро во 10 часот.

Поради техничките проблеми што настанаа денеска на самиот почетокот на рочиштето при сведочењето на загрозениот сведок ЕС1, за насилниот упад во Собранието на 27 април, судечкиот совет што го води случајот одлучи сослушувањето да продолжи во старата зграда на Основниот суд Скопје 1 Скопје, каде што би се обезбедиле услови за понатамошно сведочење на скриениот сведок.

Кусо по префрлувањето во старата зграда на Кривичниот суд, судијката Добрила Кацарска ги отстрани од судницата адвокатите на обвинетите во слуачјот за 27 април и ги казни со по 1000 евра, а причина за исфрлањето, како што посочија адвокатите, е тоа дека од страна на судијката Кацарска биле обвинети дека го нарушуваат редот во судницата откако се побуниле на лошите услови за работа во старата зграда на кривичниот суд.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески