Македонскиот дефанзивец во редовите на Вест Бромвич Албион, Горан Попов ги открива причините зошто го плукна Кајл Вокер на дуелот против Тотенхем, за што заработи директен црвен картон и суспензија од три меча.
Вокер ми рече „Е*и се смрдле!“ Потоа плукнав, но не во правец кон него. Ние фудбалерите често плукаме на теренот, вели Попов во изјава за „Вест“.
Попов по неделниот дуел, кој ВБА го загуби со 1-0, преку својот соиграч Питер Одемвинге преку Твитер им се извини на соиграчите и на фановите за непромислениот потег со кој што ги остави на цедило.