Нова водоводна мрежа во Старо Нагоричане

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Жителите на кумановско Старо Нагоричане ќе добијат нова водоводна мрежа, со пари од Европската банка за обнова и развој.

Проектот за подобрување на водоводната мрежа, го спроведува Министерството за транспорт и врски, а работите на терен треба да започнат во мај.

-Проектот е од круцијално значење за жителите на ова село кои со децении користат вода од маалските водоводи. Со спроведување на проектот ќе се овозможи квалитетно водоснабдување – изјави градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ.

Се проценува дека проектот ќе чини над 200 илјади евра. Селото Младо Нагоричане според зафатената површина е едно од најголемите во државата, а брои околу 1.200 жители.

Би можело да ве интересира

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он