Османи: ДУИ во моментов размислува само за планот А

Од:

За ДУИ е најважно да заврши процедурата во Собрание за уставните измени. Тоа го викаме план А, а планот Б е доколку се исцрпат можноси од планот А. Тогаш ќе имаме предвремени избори, истакна денеска заменик-претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Ние сметаме, посочи, дека 99 отсто од времето, енергијата и нашиот фокус треба да бидат насочени кон планот А и да најдеме начин да собереме двотретинско мнозинство и да ги направиме уставните измени за да продолжиме со скринингот, да продолжиме со членството во НАТО и во ЕУ.

– Доколку се исцрпат, а јас сум се уште оптимист дека не се исцрпени сите можности се разбира дека може да размислуваме и за планот Б – избори кои што отвораат повеќе непредвидливости отколку ја појаснуваат состојбата, рече Османи воодговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Со ниту една седница на Владата не претседавал еден од албанските вицепремиери

Катерина Ѓуровски

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

Отстранувањето на албанскиот јазик од таблите на Табановце е провокација, бараме веднаш да биде вратен, реагира ДУИ

Катерина Ѓуровски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања