Адеми: Новите генерации треба да се едуцираат да живеат заедно во едно општество и во една заедница

Од:

Сите нови генерации на ученици треба да се едуцираат да живеат заедно во едно општество и во една заедница со оние кои се различни од себе, бидејќи тоа е доблест, предност и основ за севкупниот просперитет, а не е нешто непожелно и ризик за конфликт, порача министерот за образование и наука Арбер Адеми на манифестацијата „Заедно градиме мостови“ што денеска се реализира во Школка во Градски парк во Скопје во соработка со ОБСЕ.

Тој посочи дека Министерството го поддржува и директно учествува во реализацијата на проектот „Заедно градиме мостови“, кој, како што рече, е еден од најуспешно имплементираните во областа на образованието и нагласи дека бенефитите од неговото спроведување веќе се чувствуваат во целата земја.

– Главниот фокус во проектот се учениците од основните и средните училишта, нивните наставници и раководства кои организират разни активности преку кои најмладите се запознаваат со најосновните човечки, етички и морални вредности за толеранција и почит кон различностите и за почитување на културните и верските традиции на другите и традицијата на етничките заедници, изјави Адеми.

Најави дека очекува проектот да продолжи да се гради и во периодот што следи.

Клеменс Која, шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, посочи дека на денешниот настан во Скопје се присутни ученици од 27 училишта од земјава.

– Задоволство ни е да го поддржиме овој проект затоа што сме убедени дека обединувањето на ученици од различни заедници е особено важно. Затоа со Министерството за образование и наука и со Министерството за труд и социјална политика соработуваме на овој проект кој е поддржан од грантови од различни земји, рече Која.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски