УЕФА го казни загребски Динамо со затворање на северната трибина на натпреварот против Спартак од Трнава и со вкупна парична казна од 63.000 евра поради однесувањето на хрватските навивачи на натпревариот во Брисел против Андерлех во Лига Европа.
Динамо е казнет заради употреба на пиротехника на стадионот, за фрлање на тврди предмети на теренот, за тепачка меѓу навивачите, како и за истакнувањето на усташки симболи, кои УЕФА ги третира како расистички испад.
– Казната за расизам изнесува 50.000 евра, за пиротехника 5.000, а за фрлање на тврди предмети уште 8.000 евра, сопшти Динамо.
УЕФА против Динамо покрена уште една истага за натпреварот од 20 септември против Фенербахче во Загреб, која се уште не е завршена.