Срамота е! Не може еден да договара, а друг да местите – смс-порака од „Траекторија“

Од:

Во Кривичниот суд во Скопје утрово продолжи судењето за случајот на СЈО под кодно име „Траекторија“ во кој меѓу обвинетите се Никола Груевски, Миле Јанакиески и Владимир Пешевски.

Предметот е во фаза на доказна постапка, а на денешното рочиште од проектор се презентраа смс-пораките меѓу обвинетите и други лица во процесот. Обвинителката Лиле Стефанова, во првиот дел од судењето презентира 103 смс-пораки кои меѓусебе си ги испраќале ексминистерот за транспорт и врски Јанакиески и поранешниот министер за финансии, Зоран Стврески.

Смс-пораките датираат од карајот на 2012 и 2013 година. Заедно со нив обвинителката приложи и анализа на доставените дата-бази со смс-пораки. Во смс комуникација од 20.02.2013 година, Ставрески му пишува на Јанакиески „не може вака да местиш луѓе“.

Во следна смс-ппорака Јанакиески му пишува на Ставрески „два дена го бараме планот со финалните суми. Не знам од каде ова дека те местам“. Во смс-порака од 26.02.2013 година, Ставрески му напишал на Јанакиески „не може еден да договара, а друг да местите. Срамота е“. На тоа Јанакиески враќа порака со содржина „никој никого не мести. Не е добро да мислиш дека некој те мести“.

Во изведените смс-пораки може да се види како двајцата министри биле во постојана комунијација, за договарање на деталите како да го реализираат планот за изградба на автопатиштата во Македонија. Во една од пораките пишува дека кинескиот амбасадор бил многу лут, дека треба да се однесе на ручек за да се смири. Во друга смс-порака станува збор за втора понуда која пристигнала за изградба на делницата Миладиновци – Штип од кинеската компанија „Чајна интернешнл вотер електрик корпорејшн“ која што го градела Козјак.

„Амбасадорот ги поддржува овие и мислам дека се координирани“, му напишал Јанакиески на Ставрески во 2013 година.

На миниатите рочишта од ова судење беа прислушани сите телефонски разговори на македонски јазик, останаа да се преслушаат уште неколку кои се на српски и англиски јазик.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска