Ципрас- Штајнмаер: Договорот од Преспа е храбар потег

Од:

Храбар и смел потег, вака го карактеризираа договорот од Преспа, грчкиот премиер Алексис Ципрас и германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер на нивната денешна средба во премиерската палата во Атина.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во изјавите на почетокот од средбата, Штајнмаер го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција и изрази жалење за резултатот од референдумот, додека пак Ципрас рече дека Договорот од Преспа е модел на разбирање и взаемно почитување на два народи.

– Дојдов тука за да ја искажам мојата почит за особено храбриот напор што го вложивте за да постои договор со ПЈРМ, со соседната земја, кое што беше исклучително смел потег од ваша страна и многу жалам што резултатот од референдумот не даде конечно решение. Големото мнозинство од оние кои излегоа на гласање, секако беше за овој Договор, го поддржа, но сепак не беше доволно ова мнозинство. Се надевам дека големите напори што беа вложени, нема да бидат залудни, рече Штајнмаер.

Грчкиот премиер говорејќи за соработката и иницијативите на Грција во поширокиот регион, го спомена договорот од Преспа како модел за разбирање меѓу два народи.

– Особено на Балканот направивме еден смел, храбар чекор со Договорот од Преспа. Верувам дека овој Договор е модел на разбирање меѓу два народи, кои сакаат да живеат мирно, без едниот да ги потценува историјата и идентитетот на другиот. Храбар чекор кој верувам дека придонесува за стабилноста на Балканот, но и во поширокиот регион, рече Ципрас на средбата со германскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски